Република Македонија за прв пат се претстави на штанд на Меѓународниот саем за културно наследство што се одржува во Лувр во Париз.

На македонскиот штанд, кој е во организација на Управата за заштита на културното наследство, се претставени голем број публикации, видеа и други видови промотивни материјали за богатата македонска култура, како и новите десет публикации за културното наследство на Република Македонија кои неодамна беа промовирани пред македонската јавност.

Кај посетителите, меѓу кои се и еминентни архитекти, историчари на уметноста, занаетчии и археолози, постои голем интерес за нашето културно наследство, а особено постои интерес за црквите од византискиот период, за ранохристијанските мозаици, за античките градови. Годинава пред посетителите во музејот Лувр се презентираат културните добра на многу земји, меѓу кои и на: Кина, Јапонија, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Белгија, а со свои штандови се присутни и многу реномирани организации, како ИКОМОС и УНЕСКО.

OhridNews