Претставници од охридскиот Завод и музеј, Јорданка Матова- советник кустос историчар на уметност и м- р Марија Каневче, виш кустос етнолог, учествуваа во имплементацијата на активностите од проектот Craftattract, што деновиве се одржа во Хрватска, под покровителство на Форумот на словенските култури на Музеите на Хрватското Загорје.

На конференцијата освен претставниците од Охрид, учествуваа и кустоси од музеите од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија.

Претставниците од Завод и музеј Охрид во рамки на активностите имаа можност да извршат презентација на културното богатсво од Охрид.

OhridNews