Барселона загуби на домашен терен од Реал Мадрид (1:2) во 10. коло од Ла Лига. За селекторот на Каталонците, Роналд Куман денешниот пораз е трет во три натпревари против големиот ривал од Мадрид.
Холанѓанецот го води тимот од август 2020 година. На 24 октомври истата година, Барселона загуби со 1:3 од Реал Мадрид, додека на 10 април 2021 година – со резултат 1:2.

Каталонците немаат победено во Класико од март 2019 година. Двете екипи ќе се сретнат во вториот дел од сезоната во Ла Лига на 20 март 2022 година.
OhridNews










