Холандскиот стратег на клупата од Барселона Роналдо Куман во интервју за шпански „Ас“ призна дека одма после доаѓањето на Ноу Камп отворено разговарал со Лионел Меси. Капитенот на каталонците беше на излезена врата од Барселона, но промената на тренерот и најавата за претседателски избори го промени ставот на Меси. Тој најави останување на Барселона, но се уште нема потпишано нов договор.

Кога стигнав, одма ми кажаа дека Меси не е среќен. Разговаравме во неговиот дом. Ми објасна зошто е не среќен, а и јас бев искрен. Му ветив дека ќе го променам фудбалот во Барселона, стилот на играта, неговата позиција на теренот и неговата важност во екипата. Но, односот од клубот спрема него и обратно, не можам да ги променам.

Меси покажа дека е човек кој сака да победува, кој сака да е најдобар и да продолжи да ги радува навивачите на Барселона, без разлика дека имаше очигледен проблем со клубот. – рече Куман.

Меси оваа сезона постигна три погодоци во седум натпревари во Примера, а Барселона има освоени 11 бодови и се наоѓаа на осмата позиција на табелата.

OhridNews