Американската компанија Autodesk и официјално го верифицираше оделот за едукација анимација на македонската компанија „Kumev brothers“ за свој тренинг центар во Македонија за обука на сите заинтересирани за водечките софтвери за анимација. Од денеска „Kumev brothers“, зад која стојат браќата Кумеви од Охрид, е претставена и на официјалната веб страница на Аутодеск.


„Софтверите со кои што се правени светските хитови Матрикс, Хари Потер, Син Сити, визуализацијата на архитектонските зданија, дизајнот,3DS MАX и МАYА отсега ќе можете да ги изучувате и кај нас. Софтверите се изучуваат по програма на Аутодеск за што се добива оригинална диплома. Оваа можност ја добивате единствено во одделот за едукација ЕДУКАЦИЈА АНИМАЦИЈА на продукцијата „Kumev brothers“ , преку посетување на курсот наменет за сите оние кои сакаат да се обучат за анимација и компјутерски генерирани слики и видео и на тој начин да се профилираат во оваа дејност. По посетата на курсот, сите лица кои ќе се решат за истиот, ќе добијат сертифицирана лиценца од страна на Autodesk USA”- вели Никола Кумев сертифициран предавач и официјален претставник на Аутодеск за Македонија во делот на едукацијата.

Денес, анимацијата е присутна во сите делови на современиот бизнис. Доколку на пример сте архитект, веројатно ќе имате потреба на своите клиенти на поедноставен начин да им ја презентирате вашата идеја. Доколку пак сте обожавател на филмот и ТВ продукцијата со помош на знаењето што ќе го добиете на овој курс, вашите можности повеќе ќе немаат граници. Autodesk сертификатите се сигурна валидација на вашите вештини и знаење, можат да доведат до ваш забрзан професионален развој, подобрување на продуктивноста, и кредибилитетот за вас и вашиот работодавец, велат од „Kumev brothers“.

Курсевите ги предаваат сертифицирани предавачи, со долгогодишно искуство во индустријата од оваа област кои се високо стручни и за предавања и обука 3DS MAX. Курсот се состои од 40 училишни часови кои се распределени во два месеци. Студентите стекнуваат знаење и создаваат навистина вредно портфолио кое ќе им помогне во полесно претставување пред нивните идни потенцијални работодавачи кај нас, а особено во странство. По завршувањето на курсот, посетителите ќе се стекнат со диплома што е признаена ширум светот. Лабораторијата каде се одржуваат курсевите располага со целиот потребен и одобрен материјал и опрема овозможена од Autodesk за непречени и висококвалитетни предавања.

Autodesk USA е американска мултинационална компанија, лидер во полето на производство на 3D софтвер. Како компанија, формирана е во 1982 година, од страна на Џон Вокер, инаку коавтор на светски познатиот софтвер Autocad како и на 12 други светски познати софтвери.

Ексклузивно за охриѓани е тоа што ЕДУКАЦИЈА АНИМАЦИЈА ќе одржува курсеви во летниот период во месец јули и август и во Охрид. Повеќе информации заинтересираните можат да добијат на www.edukacijaanimacija.com.

OhridNews