Како што потенцира Чифлиганец, целта е и овие ранливи категории граѓани, да ја почуствуваат топлината, вниманието и љубовта на празнувањето на Христовото воскресение , што треба сите да не зближува и обединува.
– Многу е непријатно што вие како социјален слој се наоѓате во една незавидна состојба, но тоа е животот. Ако имал Бог верба во себе, во верата, во православието и народот и вие треба да имате верба во Вас, вашето семејство. Надежта никогаш не треба да исчезне од нашите срца, нашите души, затоа што ако имаме надеж, способност, чесност и искреност ќе успееме во животот, им се обрати Чифлиганец на присутните.
Од Здружението на граѓани „Богојавление“ беше истакнато дека денешната хуманитарна акција е дел од перманентните активности кои од страна на годинешниот Кум на Водици се реализираат преку целата година од кумството.
– Ова е уште една потврда дека не згрешивме во изборот на годинешниот кум на манифестацијата. Со ова се докажа неговата големина, неговата вљубеност во Христијанството, православните празници и вљубеност во Охрид. Се надевам со негова помош и понатаму ќе продолжиме со ваквите активности, истакна Димитри Пендо, потпретседател на здружението „Богојавление“.
Од страна на претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точко, беше потенцирано дека во време кога од ден на ден бројот на социјално- загрозените семејства е се поголем, од големо значење е помошта на хуманите луѓе.
– Среќни сме што постојат хумани луѓе кои својата општествена одговорност ја споеделуваат со нас, како хуманитарна организација за да помогнеме на една категорија луѓе кои се борат за својата егзистенција. Нашата соработка со Богојавление продолжува, при што се обидуваме да ги анимираме и останатите да излезат во пресрет и да им се помогне на овие луѓе, рече Точко.
Чигфлиганец потенцира дека во рамки на можностите, слични хуманитарни акции ќе бидат органзирани во текот на целата година.












