Кумот на Водици Охрид-2012 Д-р Ванчо Чифлиганец, преку соопштение до јавност им изрази благодарност на сите верници, капачи и присутни граѓани што беа дел од чествувањето на празникот Богојавление и со тоа ја зголемија оваа голема свеченост, што во Охрид има древна традиција и огромен пиетет.
   
Посебна благодарност Кумот Чифлиганец му изразува на претседателот на државата Д-р Ѓорѓе Иванов, кој со своето присуство во Охрид на манифестацијата и даде највисок државничи белег, манифестирајќи почит кон црковно-народното наследство, традицијата, културата и сплотеноста на нацијата, и особено кон најмасовното чествување на празникот во овој дел од православието.
   
Кумот на Водици им се заблагодарува на раководството и на сите членови на здружението Богојавление, кое годинава одбележува десетгодишен јубилеј, за големиот придонес во негувањето на традициите, збогатување на празнувањето со нови содржини, и издигнување на нивото на прославата.

Кумот Чифлиганец им се заблагодарува на сите хотелиери, угостители и претставници на бизнис заедницата во Охрид, како и на сите граѓани, кои со своето гостопримство, популарни цени на услугите и донации, им овозможија на верниците и гостите на охридското крајбрежје, да ги доживеат убавините на празнувањето.

Посебна благодарност и почит, кумот им искаужува на НТВ Охрид, ТВ Сител, Дневник, OhridNews и сите национални и локални телевизии, радио станици, дневни и неделни весници, магазини, електронски портали и на сите новинари, сниматели и фото-репортери од земјава и странство, кои емитуваа извештаи, снимени и фото репортажи од величествената прослава на Водици во Охрид, со што манифестацијата допре до пошироката јавност кај нас и во светот.

OhridNews