– Користењето на овие огревни средства придонесува за високиот степен на загадување на воздухот во градот. Знаеме дека тие се користат пред се од економски причини и така ќе биде се додека Охрид не се гасифицира. Тоа претставува проблем, но не можеме да им забраниме на граѓаните да ги користат овие огревни материјали, велат од министерството.
Додаваат дека како најсоодветно решение за намалување на загадувањето се заштитните појаси од зеленило кои би требало да се предвидуваат со секој од деталните урбанистички решенија.