Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев одигра клучна улога во триумфот на Наполи над Чезена со 2-1 во осминафиналето на Копа Италија. Чезена поведе во 21 минута преку Попескu. По еден час игра Кавани изедначи, откако гостинскиот голман кратко ја одби топката по ударот на Пандев.

Комплетниот пресврт го потврди “Кунг Фу Пандев“ со погодок од слободен удар во финишот на мечот. Погодокот на “29“- та предизвика жестоки реакции на гостинските фудбалери, кои протестираа поради признатиот гол, кој беше “конец одлука“ на помошниот судија.

Во четвртфиналето Наполи ќе игра со подобриот од дуелот Интер – Џенова.

М.П.