Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига Академија Пандев обезбеди пласман во 1/8 финалето во Купот на Македонија, откако со 3-1 го совлада составот на Лабуништа на Градскиот стадион во Струга.
Првиот дел помина во изедначена игра, а гостите од Струмица во последната минута од судиското продолжение преку Стојков стигнаа до почетно водство. Во второто полувреме Дориев погоди за 2-0 и ја казни грешката на комплетната екипа. Сепак, домаќините не се предадоа и со голот на Методија Милески се вратија резултатски во игра. Сите дилеми околу победникот ги реши Илиев кој го постигна погодок за 3-1 десеттина минути пред крајот на мечот.
Академија Пандев по пат на ждрепка ќе го добие противникот во 1/8 финалето, а Лабуништа продолжува со битката за што подобро место на табелата во Втората лига.
OhridNews