В среда со почеток во 14 часот тимот на Беласица на домашен терен ќе го пречека составот на Македонија Ѓорче Петров во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија.
Правдата на стадионот „Младост“ во Струмица ќе ја дели охриѓанецот Марјан Маркоски. На најдобриот судија за минатата година во македонскиот фудбал ќе му помагаат Жарко Тодоровски и Никола Караколев. Зад головите асистенти ќе бидат стружаните Јован Качески односно Албрим Шаќири.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Академија Пандев – Победа. Првиот меч ќе биде одигран следната недела поради совпаѓањето на Академија Пандев и Беласица кои играат на ист стадион.
OhridNews