Без победник (1-1) заврши дербито во 1/8 финалето во Купот на Македонија помеѓу Работнички и Шкендија кое го судеше охриѓанецот Марјан Маркоски.

Тетовчани поведоа во првиот дел со голот од пенал на Бесарт Ибраими. Бројките на семафорот ги изедначи Филип Дурански во вториот дел и го постави конечниот резултат.

Екипата на Струга Трим Лум имаше капитално водство од 2-0 по првите 45 минути во Тетово против Ренова. Домаќините со одлично второ полувреме ја анулираа предноста на стружани и постигнаа уште еден гол за победа 3-2. 

Резултати: Силекс – Академија Пандев 1-0, Работнички – Шкендија 1-1, Скопје – Еуромилк 3-0, Пелистер – Борец 4-1, Кожув – Тетекс 1-2, Брегалница – Победа 2-3, Ренова – Струга Трим Лум, Вардар – Шкупи (одложена).

Фото: Екипа.мк
OhridNews