Одиграни се првите натпревари од 1/4 финалето од Купот на Македонија. Актуелниот освојувач Тетекс со 1-2 го совлада Хоризонт Турново. Металург со убедливи 3-0 ја преслуша Локомотива, најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар на момент потсети на старите добри времиња победувајќи го Тиквеш со 4-1 додека избраниците на охриѓанецот Драган Бочески со минимална предност 1-0 ќе го дочекаат реваншот во Кичево со Брегалница.

Резултати: Х. Турново – Тетекс 1-2, Вардар – Тиквеш 4-1, Ломотива – Металург 0-3, Брегалница – Напредок 0-1

Реванш натпреварите од 1/4 финалето се играат на 10 ноември. 

ohridnews