Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Пелистер направи чекор напред кон пласман во 1/2 финалето, откако во првиот четвртфинален меч со 5-2 ја совлада Победа во Битола.
Прилепчани поведоа со 1-0, а домашните фудбалери возвратија со два голови за водство 2-1. До крајот на првиот дел гостите погодија уште еднаш за егал 2-2.
Во второто полувреме „зелено белите“ не дозволија погодок во сопствената мрежата, а противничката ја затресоа три пати и остварија солидна предност (5-2) пред реваншот кој се игра на 29 овој месец.
Идентични победи од 2-0 во првите четвртфинални натпревари забележаа прволигашите Ренова и Академија Пандев. „Гипсарите“ пред своите гледачи го совладаа Скопје, додека „академците“ го совладаа Тетекс на гостински терен.
Четвртфиналните парови во Купот на Македонија ќе се комплетираат по одигрувањето на осминалниот дуел помеѓу Шкупи и Вардар. Победникот од оваа средба силите ќе ги одмери со Шкендија.
Резултати: Пелистер – Победа 4-2, Ренова – Скопје 2-0, Тетекс – Академија Пандев 0-2.
OhridNews