Екипата на Македонија Ѓорче Петров зачекори кон финалето во националниот Куп, откако забележа победа (1-0) над Беласица на стадионот „Младост“ во Струмица.

Одлуката за победникот на натпреварот кој го судеше охриѓанецот Марјан Маркоски падна во првото полувреме. Интернационалецот во редовите на „лавовите“, Карваљо со погодокот од далечина ја погоди мрежата на домаќините и донесе мала, но огромна предност за својата екипа.

Беласица во текот на целото второ полувреме имаше теренска иницијатива, но не успеа да постигне изедначувачки погодок и да обезбеди реми пред реваншот во Скопје.

Во втората полуфинална средба ќе се сретнат екипите на Академија Пандев – Победа.

OhridNews