Првата епизода од второлигашката пресметка помеѓу Брегалница и Лабуништа во 1/4 финалето во Купот на Македонија им припадна на домаќините кои славеа со минимални 1-0 (0-0). Штипските „сини“ погодок за победа го постигнаа на стартот од вториот дел. Стрелец беше Мартин Стојанов.

Историската шанса за Лабуништа за пласман во ТОП 4 се уште живее. „Црно белите“, на домашен терен во реванш натпреварот кој ќе се одигра следната година ќе треба да победат минимум два разлика за сигурен пласман во полуфиналето.

Со одигрувањето на натпреварот во Штип се комплетираше првата рунда од четвртфиналето во Купот на Македонија. На останатите три средби Струга Трим Лум ремизираше без голови со Ренова, Шкендија и Работнички ремизираа со по еден постигнат погодок, додека Академија Пандев победи со 1-0 на гостински терен кај Шкупи.

OhridNews