Во просториите на ФФМ извлечени беа двојките за 1/2 финалето од Купот на Македонија. Шест кратниот првак Вардар ќе се сретне со Ренова додека “романтичарите“ со Хоризонт Турново.

Првите натпревари се играат на 4 април, а реванш натпреварите на 2 мај годинава.

Двојки : Вардар – Ренова, Работнички – Х. Турново.

Мх.П.