На стадионот во Тетово ќе падне одлуката за патник во 1/2 финалето во Купот на Македонија, откако првиот меч во Скопје во рамките од 1/4 финалето помеѓу Вардар и Шкендија заврши без победник (1-1).

Мрежите во првиот дел мируваа, а возбудувањата се случија во второто полувреме. Шкендија со голот на Бесарт Ибраими поведе со 1-0, а Хуан Филипе погоди за егал и конечни 1-1 на „Филип Втори“ арената.

На реваншот кој ќе се одигра на 7 март во Тетово фудбалерите на Шкендија ќе има предност поради голот постигнат во гости. 

Претходно, пласман во ТОП 4 обезбедија Академија Пандев, Пелистер и Ренова.

Фото: Гол.мк
OhridNews