Кошаркарите на Карпош Соколи го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето со 80-69 (21-20, 21-17, 13-15, 25-17) го совладаа тимот на Фени Индустри.
За екипата на Карпош Соколи ова е прва титула од некогаш најмасовното клупско натпреварување и му се придружи на седумте клубови кои претходно се имаат радувано на трофејот.
„Соколите“ во решавачката четврта делница го „скршија“ отпорот на „домаќините“ кои добро му парираа на АБА-лигашот во финалето.
По три одиграни периоди во „Јасмин“ кошаркарите на Карпош Соколи имаа само плус три (55-52). Последните десет минути „гостите“ од Скопје ги добија со 25:17 за триумф вреден титула во Купот на Македонија.
Како увертира во финалето во машка конкуренција, кошаркарките на Вардар се закитија со титулата во женска конкуренција победувајќи ги тимот на Бадел во финалето.
OhridNews