Екипата на Шкендија направи голем чекор кон финалето во Купот на Македонија, откако во првиот натпревар од двомечот го совлада Вардар со 3-1 на „Телоком арената“.

Тетовските „црвено црни“ противникот кој само пред три дена им нанесе пораз во шампионатот го разбија во првото полувреме со двата голови на Бесарт Ибраими. Домаќините во игра ги врати Хуан Филипе, а печат на големата победа стави капитенот Ферхан Хасани.


Во втората полуфинална пресметка во Купот на Македонија силите ќе ги одмерат Брегалница – Пелистер со почеток во 17 часот.

Фото: Екипа.мк
OhridNews