Актуелниот шампион Шкендија и битолски Пелистер ќе ги одмерат силите во големото финалето во Купот на Македонија.


Тетовските „црвено црни“ иако изгубија од Вардар (1-0) во тензичен натпревар ја задржаа предноста (3-0) од првиот меч и се пласираа во финалето.

„Зелено белите“ во Битола пред своите гледачи со минимален триумф (1-0) и со вкупен резултат (3-1) ја елиминираа Брегалница и обезбедија меч за титула со Шкендија.


Во финалето Шкендија и Пелистер ќе атакуваат на втората титула. Тетовчани од првата стигнаа минатата сезона, додека битолчани во 2001 година.

Фото: Гол.мк
OhridNews