Минатогодишниот вицепрвак, Шкендија после изведувањето на пенали го елиминираше Работнички и обезбеди пласман во најдобрите осум во Купот на Македонија.
Вториот натпревар во Тетово заврши идентично 1-1 како и во Скопје и веднаш се пристапи кон изведување на пеналите. Домашните фудбалери беа прецизни три пати од белата точка, наспроти гостите кои два пати успешно реализираа.
Најубедливи победи во осминафиналната фаза забележаа Пелистер, Скопје и Победа елиминирајќи ги екипите на Борец (7-3), Еуромилк (6-0) односно Брегалница (8-3).
Резултати: Академија Пандев – Силекс 5-0 (0-1), Борец – Пелистер 1-3 (2-4), Еуромилк – Скопје 0-3 (0-3), Победа – Брегалница 5-1 (3-2), Шкендија – Работнички 1-1 (3-2 пенали) (1-1), Струга Трим Лум – Ренова 2-2 (2-3), Тетекс – Кожув 3-2 (2-2).
Во зградите се резултатите од првите натпревари. Осминафиналистите ќе се комплетираат по одигрувањето на двомечот помеѓу Вардар и Шкупи.
КУП: Ренова се извлече во Струга
OhridNews