Без победник (1-1) заврши првиот натпревар помеѓу Вардар и Шкупи во осминафиналето во Купот на Македонија.

Гостите од Чаир целосно ја исполнаа мисијата против „црвено црните“, откако останаа непоразени, а успеаја и да ја затресат мрежата. Водство за Шкупи донесе Јашароски во првиот дел, а резултатот го изедначи Барѕегјан после 15-тина минути игра во второто полувреме.

 

Фудбалерите на Вардар на реваншот кој ќе се одигра во Чаир мораат да атакуваат на победа или пак на реми со повеќе од еден погодок. 

Подобриот од овој двомеч во 1/4 финалето ќе се сретне со тетовска Шкендија.

Ohridnews