Без победник (2-2) заврши првата пресметка меѓу Брегалница и Пелистер во полуфиналето од Купот на Македонија одиграна под рефлекторно осветлување во Штип.
Двете екипи имаа по едно водство во текот на мечот, но не успеаја да го задржат и ремито на крајот беше најреален исход.
Поради двата погодоци во гости фудбалерите на Пелистер имаат мала предност во пресрет на реванш натпреварот на кој „зелено белите“ ќе бидат домаќини.
Во останатиот полуфинален двомеч од Купот на Македонија, Шкендија во Скопје го совлада Вардар со 3-1 и со огромно водство ќе го пречека реваншот во Тетово.
OhridNews