По одигрувањето на реванш полуфиналните натпревари помеѓу Ренова и
Вардар, односно Хоризонт Турново и Работнички, ќе бидат познати
финалистите, во фудбалскиот Куп на Македонија.

Фаворитите, Вардар и Работнички, пред себе имаат тешка задача, откако по
првите натпревари, кои ги одиграа на домашен терен, не успеаја да се
стекна со предност над своите опоненти, двете средби завршија со
идентични 1:1.

Ренова и Хоризон Турново, од друга страна се наоѓаа пред историски
успех, двата тима само 90 минути ги делат од пласманот во нивното прво
финале.

Натпреварите по кои ќе бидат познати екипите кои ќе играат во
јубилејното 20-то финале на фудбалскиот Куп на Македонија ќе запонат во
16 часот.

“макфакс“
Ohridnews