Екипата на Пелистер е победник на јубилејното 25-то издание на Купот во Македонија. „Зелено белите“ до вториот трофеј од најмасовното клупско натпреварување во нашата земја стигна после изведување на пеналите, откако регуларните 90 и дополнителните 30 минути завршија без голови 0-0.

Во пенал серијата подобро се снајде составот од Битола кој погоди четири од петте пенали, наспроти трите на Шкендија. Победничкиот пенал го реализираше Илијоски, но херој е голманот Илче Петровски кој во четвртата серија го одбрани ударот на Абдурахими.

Мала дамка во финалето остави некоректното навивање на двете навивачки групи, по што главниот судија Александар Ставрев го прекина десеттина минути натпреварот.

Што се однесува до мечот помина во изедначен тек. Пелистер имаше повеќе од шансите, а Шкендија ја имаше иницијативата. Со триумфирањето во Купот на Македонија на Пелистер му обезбеди пласман во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Фото: Екипа.мк
OhridNews