Баварскиот Баерн Минхен ја истакна кадидатурата за освојување на Уефа Купот, откако на гостувањето во Белгија го торпедираше Андерлехт со неверојатни 5-0. Пет различни стрелци ја решетаа мрежата на Белгијците. Серијата ја отвори Алтинтоп, до полувремето прецизен беше Лука Тони, додека во вториот дел погодија Подолски, Клосе и Рибери.

Кузмановиќ и Монтоливио ја прекинаа успешната серија на Евертон совладувајќи ги на Артемио Франки со 2-0. Со голот на Фарфан во првиот дел холанѓаните го напуштија Лондон со минимална предност пред реванш мечот. Предност во пресрет на реваншите остварија  Баер (Л) против Хамбургер, Г. Ренџерс против  Вердер како и Олимпик против Зенит. Во Ибериската пресметка Гетафе ја изненади Бенфика, додека единствениот натрпевар без победик го одиграа Болтон – Спортинг Л.

Резултати :

Андерлехт Баерн М 0-5
Фјорентина Евертон 2-0 
Олимпик М Зенит 3-1 
Болтон Спортинг Л. 1-1
Ренџерс Вердер 2-0
Баер Л Хамбургер 1-0
Тотнам ПСВ 0-1
Бенфика Гетафе 1-2

Реванш мечевите се на програмата на 12 и 13 Март.