Најтрофејниот клуб со осум титули во Купот на Македонија, Вардар ќе биде домаќин на четвртфиналната група во која се најде охридскиот состав и Металург Јуниор.

Охриѓани ќе се сретнат со Вардар, а победникот од овој дуел за место во завршницата ќе се бори со Металург Јуниор.
Разврската за медали во Купот на Македонија се игра на 17 и 18 мај во Охрид.
Мх.П.










