Лидерот на табелата во Првата лига, Вардар широко си ги отвори вратите за пласман во 1/2 финале во Купот на Македонија победувајќи го Металург (4-1) во првиот натпревар од четвртфиналето. 


Дилемите во четвртфиналниот двомеч со Металург фудбалерите на Вардар ги решија во првото полувреме во кое постигнаа четири голови. Во финишот од мечот домашниот составо успеа да постигна почесен погодок и да го ублажи поразот.

Домашниот терен во првите четвртфинални натпревари го искористи и Пелистер кој со минимални 1-0 го совлада Силекс. Стрелец за победничкиот погодок за „зелено белите“ беше Бобан Божиновски во 78-та минута од мечот.

Победа и Брегалница одиграа нерешена средба во Охрид (2-2), а без голови и без победник заврши мечот меѓу Шкупи – Шкендија.

Реванш натпреварите во 1/4 финалето се играат на 7 декември.

Резултати: Металург – Вардар 1-4, Пелистер – Силекс 1-0, Победа – Брегалница 2-2, Шкупи – Шкендија 0-0.

КУП: Бурно реми на Победа и Брегалница во Охрид (фотогалерија)

OhridNews