Екипата на Вардар најверојатно скапо ќе ја плати победата над Охрид во полуфиналето од Купот на Македонија откако предвреме поради повреда мечот го заврши Илија Абутовиќ.
Српскиот интернационалец настрада по сударот со својот соиграч Игор Карачиќ, а спортската арена „Билјанини Извори“ ја напушти со болничка кола.
Охриѓани дрско и без респект му се спротиставија на гигантот кој според резултатот (29-21) забележа рутинска, но на теренот не беше така.
Во финалето „црвено црните“ ќе атакуваат на 11-та титулата додека „металурзите“ на шестиот трофеј од Куп мечевите.
Фото: Емилио
Мх.П.