Ракометарите на Вардар ќе ја бранат титулата во Купот на Македонија во финалето против Еурофарм Работник, откако во 1/2 финалето потешко од очекувањата со тесни 31-30 го совладаа составот на Металург.

Избраниците на Лино Червар добро се носеа со „вардарци“ кои во првиот дел имаа предност и четири голови. Сликата на семафорот драстично се промени во вториот дел кога Металург имаше водство од 2 голови.

„Црвено црните“ во тензичниот финиш со своето искуство стигнаа до гол плус и недозволија „мрсење“ на сметките во 1/2 финалето.

Финалето во Купот на Македонија се игра в недела со почеток во 16 часот и 30 минути.

Фото: Гол.мк
OhridNews