Реванш натпреварите од 1/4 финалето во
купот на Македонија поминаа во знакот на Тиквеш кој го елиминираше 
синонимот за трофеи скопски Вардар.

 Лидерот во второлигашкото друштво не
само што ја анулираше предноста на Вардар по првиот натпревар (4-1)
успеаа со иста мера да му врати без да примат погодок во својата мрежа
победувајќи со 4-0.

Бранителот на трофејот Тетекс рутиниски ја
одработи својата задача совладувајќи го Хоризонт Турново со 1-0 и
севкупни 2-0 се пласираше во 1/2 финалето.

Избраниците
на охриѓанецот Драган Бочески го потврдија пласманот меѓу најдобрите
четири со уште победа над Брегалница, и овој пат со минимални 1-0.
Првиот натпревар во Штип, завшри со победа на Напредок од 0-1.

Реванш
натпреварот помеѓу Металург – Локомотива заврши без победник 1-1.
“Железарците“ на првиот натпревар стекнаа комотна предност од 3-0 со што
беше доволна да се најдат во полуфиналето. 

Резултати: Напредок
– Брегалница 1-0 (2-0), Тетекс – Турново 1-0 (3-1), Металург – Ломотива
1-1 (4-1), Тиквеш – Вардар 5-4.

Мх.П.