Ракометарите на Вардар ја освоија единаесеттата титула во Купот на Македонија откако со 31-24 (16-12) го совладаа Металург во големото финале.


Скопското дерби во „охридското“ финале го одбележа рововска битка на почетокот од натпреварот и покажување на квалитетот на Вардар во продолжението од мечот.

„Црвено црните“ во финишот од првиот дел притиснаа на педалата за гас и веднаш направија предноста која на полувремето изнесуваше плус четири (16-12).


Сите дилеми околу победникот во финалето „вардарци“ го решија со фуриозниот почеток на вториот дел кога стигнаа до водство (19-12).


Резултатската разлика на семафорот во главно не се менуваше во „Билјанини Извори“ и Вардар додаде нова вкупно 11-та титула од Куп натпреварувањето.

Мх.П.