51-годишен жител на струшкото село Лабуништа е осомничен дека извршил измама. Според информациите на министерството за внатрешни работи, пријавениот во текот на месец август 2016 година, склучил договор за  купопродажба на возило со лице од село Велешта. Според изјавата на лицето од Велешта, пријавениот, во рок од еден месец, требало да му го исплати целиот износ за купеното возило.

Пријавениот не му ја исплатил договорената сума, со што на лицето од Велешта му е причинета материјална штета од 430.000 денари.

Против лицето од Лабуништа поднесена е кривична пријава.

OhridNews