Продолжуваат акциите за чистење на отпадот исфрлен од езерскит еводи.

Деновиве екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ подигнаа големи количини отпад од крајбрежниот појас, поточно од Лабино, Сараиште, Грашница и градското пристаниште. Заради зголемениот водостој на реките кои се влеваат во Охридско Езеро, големи количини отпад е натрупан на плажите (отпадоци од пластика, хартија, најлон кеси, лименки и др.комунален отпад) како и трска.

Отпадот е расчистен, подигнат и транспортиран, а дел од отпадот се подигаше и директно од езерските води.

OhridNews