Бразилскиот вундеркинд Нејмар е прогласен за најдобар фудбалер на Купот на Конфедерации. Тој селекцијата на Бразил ја предводеше до тројната круна во низа со четири голови од кои еден во финалето против Шпанија.

Со оваа награда Нејмар ја продолжи бразилската доминација на Купот на Конфедерации откако претходно за најкорисни фудбалери прогласувани беа (Кака 2009) и  Адријано четири години претходно.

Најдобар стрелец со пет голови е шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес, а најдобар голман е Бразилецот, Жулио Цезар.

Мх.П.