Марио Балотели поради повреда ќе го пропушти полуфиналниот дуел со Шпанија во полуфиналето од Купот на Конфедерации а можеби и до крајот нема да настапи.

Напаѓачот на „азурите“ игра во маестрална форма, до сега тој постигна два гола и имаше фантастична асистенција на мечот против Бразил. За дуелот со Светскиот првак селекторот на Италија ќе смета на Андреа Пирло и Даниеле Де Роси кои го пропуштија мечот со Бразил.

Со проблеми пред полуфиналниот натпревар со Италија се соочи селекторот на Винсен Дел Боске, кој не може да смета на Цеск Фабрегас и Роберот Солдадо.

Мх.П.