Марин Докузовски и Дамјан Стојаноски го освоија купот на Бугарија со Лукоил Академик , откако во неизвесното финале го совладаа Левски со 83-81.  
За МВП на мечот прогласен беше Брендон Хит кој постигна 31 поен, Стојаноски на паркетот мина скромни четири минути во кои постигна два поени и тоа од линијата за слободни фрлања.
Во првото полувреме имавме доста успони и падови, но во вториот дел повеќе немаше осцилации во нашата игра. Не може да се игнорираат глупавите грешки што ги направивме за време на ова финале, но најважно сепак е што победивме и што се закитивме со трофејот“ – изјави Марин Докузовски по големата победа.
За “студентите“ ова е втор куп трофеј во последните две години.
М.П.