Со палење на василичарскиот оган на сред село, попладнево ќе започне 13-от Курајчки карневал.  Главното дефиле на маските ќе се одржи утре вечер во 20 часот.

Организаторите најавуваат голема народна веселба, збогатена со огномет и томбола, која се очекува да ја проследат околу 3000 посетители.

На маскенбалот во Куратица ќе присуствуваат новинарски екипи од Србија кои во Охрид ќе престојуваат и за празникот Водици.

OhridNews