Втора година по ред, жителите на Куратица се домаќини на холандските гости кои престојуваат во Охрид.

Во рамки на нивните еднодневни туристички излети, холанѓаните викендов имаа можност да ги видат убавините на селото и околината, да уживаат во прошетките низ планината Мазатар, да јаваат на магариња, а имаа можност и да ги вкусат и традиционалните селски јадења  и домашната ракија.

OhridNews