Од месната заедница на охридското село Куратица велат дека се задоволни од постигнатиот ефект од поставувањето на видео надзорот во селото, со цел жителите да се заштитат од бројните кражби кои се случуваа во изминатиот период.

Видео камери се поставени на неколку локации во селото и се врши надгледување во текот на 24 часа.

– Системот е во можност да архивира аудиовидео матријал до 60 дена. Системот е од корист за населението, а го поставивме во консултација со СВР- Охрид, велат од месната заедница.

Жителите од ова село во неколку наврати апелираа до надлежните да се преземат мерки за спречување на бројните кражби во кои  на мета беа најразлични предмети, од покуќнина, до храна, накит и пари.

Незадоволни од преземените мерки од страна на надлежните, жителите на Куратица изјавуваа дека се подготвени на најразличен начин да се самозаштитуваат од кражбите, по што беше поставен видео надзорот во селото.

OhridNews