Жителите од ова село, кои нагласуваат дека се пример дека и во тешки услови и невремиња може да опстојува една селска- планинска заедница, бараат од директорот на ЈП Комуналец да ја преиспита ваквата одлука за воведување на дополнителниот надомест.
Од Месната заедница на село Куратица објаснуваат дека Согласно одлуката на Советот на месната заедница, пред три години во селото бил воведен Проект за бесплатно собирање, подигање и одлагање на отпадот од домаќинствата, во траење од две години. Проектот бил воведен со цел секој жител и посетител на селото да стекне навика дека екологијата е од високо значење за натамошниот развој на оваа средина.
Следната фаза, пред една година, била воведување на организирано подигање на отпадот од страна на ЈП Охридски Комуналец, со плаќање на надомест во висина која зема во предвид дека станува збор за екстремно рурално економски неразвиено планинско подрачје. При тоа, контејнерите во селото се подигале секој втор понеделник. – Освен оваа услуга ЈП Комуналец во рамки на селото, не обавува ниту една друга услуга која би била предмет на дополнителни давачки, вели претседателот на МЗ Куратица, Ангелоски. “ Доколку ЈП Комуналец не ја преиспита одлуката и повлече ставката за наплата на дополнителен надомест, Советот на месната заедница ќе донесе одлука со која од селските домаќинства ќе побара да ја игнорираат оваа ставка, се додека комуналното претпријатие не ги воведете услугите кои ги фактурира”, вели Ангелоски.