Ова е царство од интимна, лична моќ, кое почнува да се шири и развива- моќта на индивидуата сама да се образува, самата да си ја најде инспирацијата, сама да си ја обликува околината и да ја сподели оваа авантура со секој што е заинтересиран. Оваа школа е порака од каталог на алатки кон светот што луѓето ги бараат и промовираат. (извадок од книгата  на основачот на Apple, Стив Џобс од Волтер Ајзаксон).

Со добивање на сертифицирана лиценца од страна на Autodesk USA, Kumev Brothers Production отвори прва и единствена сертифицирана школа за изучување на 3DS MAX. Овој софтвер е водечки софтвер во светот  на анимацијата.

Курсот е наменет за сите оние кои имаат потреба од анимација и компјутерски генерирани слики и видео. Денес, анимацијата и моделирањето е присутно во сите пори на современиот бизнис. Ако сте на пример архитект, сигурно имате потреба на своите клиенти пластично да им ја презентирате својата идеја. Ако сте дизајнер без 3д приказ на својот труд не можете да направите успешна презентација. Ако сте машински инженер сигурно дека имате потреба да симулирате некоја активност. Ако сте заљубеници на филмот и ТВ продукцијата со помош на знаењето на 3DS MAX вашите можности се без граници. Ако сакате да произведувате игри или 3D карактери и ефекти вие сте на вистинското место.

Курсеви ги предаваат сертифицирани предавачи. Нивното искуство во изучување и предавање на 3DS MAX кое опфаќа период од повеќе години конечно се валоризира со лиценца од страна на Autodesk USA за сертифицирани предавачи за 3DS MAX.

Autodesk USA е Американска мултинационална компанија, лидер во полето на произвотство на 3D софтвер. Autodesk како компанија е формирана 1982 год. од страна на John Walker-a коавтор на светски познатиот софтвер Autocad како и 12 други светски познати софтвери. Главното седиште на компанијата е во градот Сан Рафел Калифорнија.

– За првпат во Македонија посетувајќи ги курсевите од софтверот 3DS MAX не само што ќе се стекнете со огромно искуство туку добивате и сертификат – диплома која е признаена во цел свет. Нашата лабараторија е опремена со целиот потребен и одобрен материјал и опрема од страна на Autodesk за непречени и висококвалитетни предавања. За прв пат кај нас  имаме спремени видео туторијали на македонски јазик кои би ви помогнале за полесно да го совладате овој комплициран и комплексен софтвер. Основниот курс кој иако делува комплексен но од друга страна е едноставен кога човек ќе навлезе во него се состои од 30 -40 школски часови.Часовите се распределени во 2 месеца, доволно време човек да изучи и проба. Во курсевите се вклучени сите потребни материјали како и оргинал лиценциран софтвер на кои идните ученици работат и учат. Студентите по завршување на курсот ќе се стекнат со вредно портфолио кое би им помогнало во полесното преставување пред нивните идни потенцијални работодавачи, информираат од Kumev Brothers Production.

3DS MAX  е моќна и компактибилна алатка која е во спрега со сите апликации на Autodesk како што се Autocad, Maya, Softimage…

 Целта на основниот курс 3DS MAX е по неговото успешно завршување кандидатот да  биде способен самостојно да изработи:
 
·          3D модел користејќи  конкретни алатки
·          Да ги разбере и разликува различните начини на креирање на 3d објекти
·          Да може да создаде 3d објект од 2d splines
·          Да ги разбере и примени 2d и 3d текстурите, битмапите на основа од реална слика како и нивните процедури
·          Напредно мапирање со подслоеви  и користење на модификатор за мапирање
·          Херархии и пивот
·          Креирање и поставување на осветлување и светлечки ефекти
·          Креирање и поставување на камери и нивни ефекти
·          Да го разбира и користи анимирањето на објектите, камерите, светлата…
·          Да ги разбере и користи модификаторите
·          Да го разбере и користи покрај основниот рендер V-RAY рендерот

Заинтересираните за сите потребни информации можат да се обратат на е-mail: [email protected]

OhridNews