Вчера попладне, на аеродромот „Александар Велики“ на излез од РМ, од страна на ренген операторот била добиена информација дека во делот на тежок багаж (сортирница) е  пронајден еден куршум калибар 9 мм.

По извршената проверка на багажот констатирано е дека багажот се води на име на  лице од Турција. Лицето е повикано и е обавен разговор со истото, по што по негова изјава констатирано е дека  куршумот го носел со себе од Турција, по што транзитирал низ РМ и заминал во Призрен-Косово на фолклорно- културна манифестација.

Куршумот е одземен со потврда за привремено  одземени предмети, а на лицето му е дозволен излез од РМ.

OhridNews