Голманот на Атлетико Мадрид, Тибо Куртоа со фантастична интервенција во финишот од дополнителните триесет минути ги засени “кралските ѕвезди“. “Јорганџиите“ со 2-1 го совладаа градскиот ривал Реал во Купот и црвено-белата боја преовладуваше на улиците низ Мадрид.