Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се огласи по медиумските шпекулации дека има психички проблеми. Шпанските медиуми пишуваа дека белгискиот чувар на мрежата поради анксиозност го напуштил теренот на полувремето на мечот од ЛШ против белгиски Бриж.

  • Знам што значи да се биде врвен спортист, моментно сум многу среќен и немам никакви проблеми. Одговорноста на медиумите е да не измислуваат приказни, да не лажат затоа што луѓето патат поради тоа. – рече Куртоа по победата на Белгија со 9-0 на мечот со Сан Марино во квалификациите за ЕУРО 2020.

По пишувањето во шпанските медиуми, со соопштение се огласија и до Реал Мадрид. Оттаму соопштија дека Белгиецот теренот го напуштил поради проблеми со желудникот и цревата, што довело до дехидратација и губење на килограми.

  • Тоа што е објавено е непочитување не само за играчот за кого се пишува, туку и за луѓето кои навистина имаат здравствени проблеми. Се опоравив од стомачните проблеми, не беше пријатно, но сега сум добро. – рече Куртоа.

OhridNews