Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, предлага создавање центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН. Според Курц, овие центри во еден дел можат да бидат разместени во Грузија и на Балканот.

Курц за германскиот весник „Билд“, во заедничкото интервју со претставникот на германската партија ЦДУ Јенс Шпан кажа дека е важно да се обезбедува заштита и луѓето кои нелегално се обидуваат да влезат во Европа да можат да бидат пратени во центри во земји како Грузија, Египет или во западно балканските држави. Курц смета дека треба да се затвори средоземно -морската маршута за нелегалните мигранти, додека Шпан кажа дека е неопходно со земјите од северна Африка да се склучат миграциски спогодби, како таа што лани беше склучена со Турција.

Средоземно морската маршрута е патот по кој во Европа пристигнуваат најмногу мигранти, а на второ место е Балканската маршрута.

OhridNews
извор РСЕ