Бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо се врати во составот на Ливерпул, а по едно месечен молк околу кокетирањето со Барселона фудбалерот се отвори за британските медиуми.
„Црвените“ одбија три големи понуди за Кутињо, кој самиот до челниците на клубот побара дозвола за заминување која не ја доби.
– Се случи да добијам понуда за работа која ми беше интересна и ми привлече внимание. Знаат сите јас не кријам дека бев за премин во Барселона. Меѓутоа, клубот не ми дозволи да заминав и јас го ценам тоа и ја прифатив нивната одлука. Сум кажал во неколку наврати дека голема е честа и привелегијата да се игра за Ливерпул. Останувам и ќе давам максимум како и до сега во црвениот дрес. – изјави Кутињо.
Бразилецот во Ливерпул пристигна од Интер во јануари месец 2013 година за 8.5 милиони фунти.
OhridNews