Од општинската СДСМ со потсетување до одговорните лица во ДПМНЕ за неколкуте документирани факти, како што беше кажано на денешната прес конференција, кои се доказ за нивните лаги и манипулации во врска со функционирањето на охридската Општа болница.
– На почетокот на 2011 година, непосредно пред вонредните парламентарни избори, одговорните во болницата се пофалија дека купиле најсовремен 4Д ултразвучен апарат за ран скрининг на плодот, уште од третата недела. Нека и’ објасни сега на јавноста менаџментот на охридската болница кој гинеколог е сертифициран за таков ран скрининг на плодот и каде се вршат таквите прегледи?! Во исто време, беше јавно ветена и најавена набавка на современ дигитален апарат за мамографија, за, како што изјави тогаш портпаролот на болницата Сашо Василески, „пациентите да не бидат приморани да одат во Вевчани за такви здравствени услуги“. И тоа остана само уште едно празно предизборно ветување и невистина – жените од Охрид и ден денес сеуште одат на преглед во Вевчани, рече Александар Кузески од ОО на СДСМ .
Кузески потсети и на изјавата од менаџментот на болницата, дадена во средината на септември, минатата година, дека е направена првата лапароскопија во Охрид.
– Прашуваме: колку лапароскопии се направени оттогаш во Охрид, а колку за споредба, колку се направени на Хирургија во струшката општа болница?! Истовремено, помпезно беше најавено започнувањето на интервентна гастроскопија. Притоа, во изјавата на портпаролот на охридската општа болница Василески дадена за медиумите, дословно стоеше следното: „Следниот месец почнуваме со интервентна гастроскопија, така да пациентите со дигестивни проблеми нема да има потреба да одат во Скопје… веќе постигнавме договор со Клинички центар во Скопје… во првите неколку месеци да доаѓаат визитинг професори…“ Како е можно да биде постигнат договор со непостоечка институција. Клинички центар во Скопје не постои веќе неколку години. Следно прашање е дали до сега е направена дијагностичка гастроскопија во општата болница во Охрид, а да не зборуваме за интервентна?! Експертите знаат дека ендоскопските процедури во државното задравство се прават исклучиво на Клиниката за гастеро-ентеро-хепатологија во Скопје и никаде на друго место, односно покрај уште во уште една приватна здравствена установа во Скопје, потенцира Кузески.
Кузески како предизборни ветувања кои не се реализирале ги спомена и дадените изјави од менаџментот на болницата во врска со компјутерската томографија, за гастгроскопија, за кадровската (не)екипираност, за мамографијата.
OhridNews