Според општинската СДСМ за исклучувањето на струјата во ОУ „ Григор Прличев“ виновни се градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО- ДПМНЕ.
– Учениците држат настава само додека има дневна светлина и топлина, родителите и граѓаните збунето прашуваат што се случува. Според информациите доставени до нас причина е огромниот долг на училиштето од над 800 илјади денари или повеќе од 13 илјади евра. Ова е последица на неодговорното однесување на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. За контрадикторноста да биде поголема, со предвидениот ребаланс на буџетот на општина Охрид Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ги кратат неопходните средства за комунални и режиски трошоци и тоа за 37% во основните и за 13% во средните училишта, рече на денешната прес конференција одржана во дворот на основното училиште, портпаролот на ОО на СДСМ, Александар Кузески.
Тој додаде дека наместо ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески да ги решаваат проблемите на охриѓани, тие создаваат нови.
OhridNews